сабота, 26 октомври 2024

Демократски сојуз бара распуштање на Собранието и вонредни парламентарни избори

Објавено на

часот

Сподели

„Сосема е извесно дека нема граѓански и политички консензус за промена на Уставот со која Бугарите ќе станат конститутивен народ во Македонија. Без реципроцитет за признавање на правата на Македонците во Бугарија, како и без поддршка на Преговарачката рамка од која ќе бидат отстранети билатералните прашања, историски, образовни, јазични… наметнати oд Бугарија и надвор од Копенхашките критериуми, нема и нема да има промена на Уставот. Доколку пратениците водат сметка за автентичните национални и државни интереси, како и за евроинтеграциите, тогаш ќе ја донесат најиздржаната одлука, ќе го распуштат Парламентот“, велат од Демократскиот сојуз.

оттаму потенцираат дека без коренити реформи на судскиот систем, владеење на правото и изградба на независен и ефикасен систем за борба против криминалот и високата корупција, како и измена на изборните правила, Македонија нема да може да се интегрира во Европската Унија.

„Треба да обезбедиме сплотеност, единство и државничко однесување. Мораме да го послушаме народот и цврсто да застанеме зад неговите и државните интереси“, велат од Демкратскиот сојуз.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ