недела, 14 јули 2024

Даночните работници се борците против сивата економија, призна министерот Бесими

Објавено на

часот

Сподели

„Со прибирање на јавните приходи се обезбедуваат средства за финансирање на образованието, здравството, инфраструктурата, социјалната заштита, како и за сите останати јавни услуги во државата. Вие, како даночни работници, ја имате една од најзначајните улоги во спроведување на словото на даночните закони и борба против неформалната економија. Почитување на законските обврски значат еднакви услови за работа за сите и еднаквост пред законот, а со тоа и намалување на неформалната економија. Презедовме значајни мерки, донесовме акциски план и заедно ќе продолжиме во справување со оваа појава, во градењето подобар даночен систем за да обезбедиме повисок квалитет на јавните услуги и забрзан раст и развој на домашната економија“, истакна министерот. 

с

Тој напомена дека во изминатиот период се работеше на  конципирање на даночни политики кои се во насока на исполнување на целите и приоритетите на Стратегијата за реформа на даночниот систем 2021-2025, а тоа се: обезбедување  праведен, ефикасен, транспарентен и современ даночен систем којшто ќе се темели на современи дигитални технологиии и иновации во оданочувањето, во функција на постигнување забрзан, инклузивен и одржлив економски раст, а паралелно се преземаат чекори за дигитализација на даночните процедури и за интензивирање на интероперабилноста меѓу надлежните институции. Исто така, потенцира дека во услови на криза се врши редовен и непречен поврат на ДДВ кон стопанството, а за граѓаните продолжува примената на мерката МојДДВ. 

„Ќе продолжиме и потнатаму со блиска соработка со Управата за јавни приходи и заеднички ќе работиме на реализација на низа приоритети во даночната сфера, меѓу кои и континуриано унапредување на даночното законодавство, зголемување на ефикасноста и ефективноста во прибирањето на даночните приходи, борба против неформалната економија, зголемување на транспарентоста на даночниот систем и зајакнување на соработката со министерствата за финансии и даночните администрации од регионот и пошироко“, посочи министерот за финансии Фатмир Бесими. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ