петок, 18 октомври 2024

Дали американските водечки медиуми повикуваат на војна?

Објавено на

часот

Сподели

Во деликатно време, при ќор-сокак во Хормушкиот теснец и надвиснати санкции над иранската нуклеарна програма, водечките медиуми (МСМ) цинично си подигруваат со можноста за војна помеѓу Иран и Западот.

Новинарските известувања од Вашингтон постојано повторуваат дека војната е практично неизбежна.

Новинарските известувања од Вашингтон се постојано букцкање кон војна и тврдат дека таа е практично неизбежна, иако експертите велат дека војна со Иран е далеку од неминовна.

Но медиумите веќе работат на неа, најчесто преку дезинформирање на јавноста.

Њујорк тајмс пишува дека Меѓународната агенција за атомска енергија изјавила дека нуклеарната програма на Иран има воена цел. Но тоа го нема никаде во извештаите на ИАЕА. Агенцијата изјави дека е можно Иран да ја има технологијата за развој на нуклеарно оружје, доколку тоа му е целта.

 

Еве уште една јавна заблуда предизвикана од неинформираност:

„Би требало да му кажеме на Иран дека ако не ги отвори објектите, ако не почне да ги расклопува и ако не им дозволи пристап на инспекторите, ние ќе ги намалиме нивните капацитети со воздушни напади“, изјави неодамна Рик Санторум, претседателски кандидат на Републиканската партија.

Всушност, инспекторите на ИАЕА веќе беа во земјата и ги контролираа нуклеарните објекти на Иран.

„Доколку Американците слушаат како се повторува една иста информација, ќе поверуваат во неа, а најчесто на информациите што се пласираат им фалат суптилни моменти – како на пример контекстот на извештајот на ИАЕА или сомневањата за вистинитоста на ирачката програма за оружје за масовно уништување во 2002-2003. Таквото искривување на вестите може да влијае на тоа како американската јавност гледа на проблемот“, објаснува истражувачкиот новинар Роберт Пери.

А водечките американски медиуми се докажани навивачи за војна.

Џеф Коен бил продуцент на едно популарно ТВ-шоу пред инвазијата на Ирак. Тој вели дека работел под притисок од своите шефови да навива за војна, бидејќи нивните сопственици ќе имаат корист од тоа.

„Тоа беше кампања на постојан притисок за да се обезбеди надмоќ на гласот на војната“, вели Пери.
Коен тврди дека ситуацијата не е многу сменета од времето на ирачката инвазија.

„Нема сомнеж дека водечките медиуми се пресудни во продавањето на идејата дека САД ќе бидат во постојана војна“, инсистира тој.

 

Медиумските аналитичари тврдат дека, уште од интервенцијата во Либија, американските медиуми ја навикнуваат американската јавност на фактот дека Вашингтон ќе продолжи воено да интервенира во надворешните работи.

„Работев во Њузвик, како и во Асошиејтед прес и во други големи американски новински агенции“, нагласува Роберт Пери. „И она што го видов, особено на места како Њузвик, беше идејата дека медиумите се всушност дел од власта, и дека Американците треба да се наведуваат, а не да се информираат“.

Впечатокот е дека повеќето американски медиуми се толку навикнати да известуваат за војни, што кога по цела деценија војна беше постигнато решение во Авганистан и Белата куќа објави дека е потребно да преговара со талибанците, пораката и зборовите „политичко решение“ им звучеа некако непознато.

Изгледа дека зборовите „политичко решение“ ги нема во речникот на американските медиуми. Постојат две главни причини за тоа: прво, досадни се. Второ, прилично моќни луѓе стојат зад милитаристичките пиштолџии-новинари.

Премногу често низ историјата новинарите работеле за воените профитери.

Можеме да се вратиме сто години наназад и да видиме како американската јавност била подготвувана за војна со Шпанија за Куба.

Иконскиот медиумски магнат Вилијам Рендолф Херст лажно ја „напумпал“ приказната дека Шпанците потопиле американски брод, а тој всушност потонал поради експлозија на рудник на јаглен. Тогаш Херст му кажал на својот илустратор во Хавана: „Ти испорачај ги сликите, а јас ќе ја испорачам војната“.

 

Повеќе од сто години подоцна, фразата сѐ уште е применлива. Но не мора да биде така, и „политичкото решение“, иако не е популарен термин во јазикот на медиумите, е подобро од „војна“ и „смрт“.

Написот е составен од извадоци објавени во странски медиуми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ