петок, 18 октомври 2024

Дачиќ: Голем притисок врз Србија поради Косово во февруари

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека може да се очекува во февруари да се сконцентрира притисокот на Србија околу прашањето на Косово бидејќи во европските кругови се проценува дека Европската комисија, односно европските органи, до март ќе ја завршат работата бидејќи следуваат европски избори.

Објавено на

часот

Сподели

„Така што може да се очекува токму во февруари и март да се сконцентрира тој притисок од различни страни, кој пред сè ќе биде насочен кон тоа Србија да направи значајни отстапки кога станува збор за Косово и Метохија, имајќи предвид дека и претседателот на Србија Александар Вучиќ кажа дека ние не се согласуваме на членство на Косово во Обединетите нации и дека нема независност на Косово“, кажа Дачиќ во интервју за Танјуг.

Тој додаде дека на притисоците во врска со Косово и Метохија придонесува и воведувањето политичка нестабилност во Србија, оценувајќи дека тоа се различни делови на една иста приказна.

Го коментираше и настојувањето во поглавјето 35 од преговорите со ЕУ да се вклучи и Охридскиот договор, во кој има точки кои Белград не ги прифаќа, кажувајќи дека не може да стане обврзувачко нешто на што Белград не се согласува.

Оцени дека постојат фактори кои не сакаат раководството во Србија да биде стабилно и силно, за да не може цврсто да одговара на разните ултиматуми кои доаѓаат од Западот, а кои пред сè се однесуваат на Косово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ