недела, 27 октомври 2024

Да се донесе Законот за висока раководна служба за да се спречат партиските пазарења, бара Институтот за демократија

Објавено на

часот

Сподели

Подготовката и донесувањето на законот, посочуваат од Институтот за демократија, се провлекува веќе неколку години наназад, а одговорноста за ова се префрла низ различни институции.

„Одложувањето на спроведувањето на законот доведува до продолжување на практиката на нетранспарентни и неквалитетни именувања на директори и раководители. Со цел да се сопре оваа пракса, неопходно е итно донесување на Законот за висока раководна служба и негова примена. Недоречената правна рамка во моментов дозволува злоупотреба и распределба на позиции во нетранспарентни постапки, базирани на партиска припадност и коалициски договори. Ова резултира со неефикасност на институциите и го нарушува навременото и квалитетно испорачување на услуги до граѓаните“, пишува во соопштението од Институтот за демократија.
 
Додаваат дека меѓународната заедница низ годините ја посочува потребата од департизација и вложување во капацитетите на јавната администрација. Законот, подвлекуваат во соопштението, треба да обезбеди најсоодветни кадри кои ќе раководат со институциите и да превенира партиски пазарења.

„Затоа сега е вистинско време да се вложат напори и да се донесе Законот за висока раководна служба, пред распуштање на Собранието за претстојните парламентарни избори. Со законот ќе се разграничуваат политичките од менаџерските позиции во институциите, ќе се воспостави механизам за селекција на раководители заснован на заслуги и ќе обезбедува поголема ефикасност на работата на институциите“, реагираат од Институтот за демократија. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ