сабота, 19 октомври 2024

Цистерна со питка вода ќе гравитира низ населбите во Центар кои останаа без вода

Цистерна со питка вода е подготвена и ќе гравитира низ населените места во централното подрачје на Скопје со прекин на водоснабдувањето, врз основа на потребите на граѓаните и нивните барања упатени до Дежурно – информативниот центар на Водовод и канализација, Скопје, информираа од Јавното претпријатие. 

 

Објавено на

часот

Сподели

За секоја потребна дополнителна информација, граѓаните може да се обратат на дежурните телефони на претпријатието.

„Во однос на дефектот од страна на екипите на претпријатието се преземени сите активности и мерки за отстранување на истиот. Од рано изутрина, екипите се излезени на терен со целосна механизација и системски работат на отстранување на дефектот“, се наведува во соопштението.

Засега, се додава, не може да се предвиди точното време на санирање на дефекот.

„Екипите се и ќе останат на терен, сѐ до целосно отстранување на дефектот и нормализирање на водоснабдувањето во сите делови каде тоа е прекинато“, истакнуваат од претпријатието. 

Поради поголем дефект на водоводна цевка на Кеј Димитар Влахов до Младински културен центар (МКЦ) во Скопје, утрово од 9 часот е прекинато водоснабдувањето на дел од Крњево, Керамидница, кај трговскиот центар Ист Гејт, покрај булевар Александар Македонски до бензинската пумпа Лук Оил, Пожарна, а со намален притисок ќе бидат населбите Маџари и Хиподром, информираше Центарот за управување со кризи (ЦУК).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ