сабота, 19 октомври 2024

Цело семејство заврши во притвор, пренесувале 133 килограми марихуана

Објавено на

часот

Сподели

„Четворицата обвинети, тројца мажи и една жена, роднински поврзани, во авто сервис во Ѓорче Петров, неовластено заради продажба држеле 133,72 килограми наркотична дрога – марихуана. Од нив, на 2 мај спакувале 99,6 килограми и ги подготвиле за неовластена продажба. Дрогата во ќеси и картонски кутии ја ставиле во автомобил, а остатокот го оставиле во авто сервисот. Истиот ден заеднички организирале пренос на марихуаната, движејќи се со три автомобили еден зад друг – прво возило со цел да известува за полициски службеници и патроли, второ возило во кое била дрогата и трет автомобил за заштита. На издадена полициска наредба да запрат на улицата Скупи, првиот автомобил воопшто не застанал и обвинетиот се дал во бегство. Другите две возила биле веднаш сопрени и при извршен преглед биле пронајдени картонските кутии со дрогата. По извршен претрес во авто сервисот била пронајдена и останатата марихуана, но исто така биле пронајдени и четири куршуми муниција кои еден од обвинетите ги држел без дозвола“, информираа од ЈО.

Оттаму дополнуваат дека по апсењето на сите четворица обвинети, по предлог на јавниот обвинител им била определена мерка притвор.

„Со поднесувањето на обвинителниот акт, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на притворските мерки, бидејќи сѐ уште постојат законските основи, опасност од бегство и можност да го повторат делото“, информмираа од ЈО.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ