сабота, 26 октомври 2024

Цариниците открија 11 мигранти во три полски камиони (ФОТО)

Царинската управа соопшти дека спречиле нелегален влез на 11 мигранти државјани на Сирија, Пакистан, Камерун и Конго во три одделни случаи на влез на граничниот премин Богородица во текот на оваа и минатата недела.

Објавено на

часот

Сподели

Два случаи се откриени на 4 и 5 јануари на ГП Богородица. Мобилен тим на Секторот за контрола и истраги по контрола на две товарни моторни возила со полски регистарски таблички на влез во државата откри мигранти во просторот за палети на полуприколките при контрола со мобилен скенер, при што и во едниот и во другиот случај се откриени по 4-ца мигранти од Сирија и Пакистан.

Третиот случај е откриен од страна на царинските службеници исто така на влез на граничен премин Богородица при контрола на товарно моторно возило, кое како и во горенаведените случаи било со полски регистарски таблички.

 

При контрола на возилото во помошните сандаци за палети се откриени тројца мигранти од Камерун и Конго, соопшти Царинската управа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ