сабота, 19 октомври 2024

Царината демантира дека запленетите обврзници биле со истечен рок

Објавено на

часот

Сподели

„Царинската управа ја информира јавноста дека прилогот објавен на телевизија Телма во врска со неодамна запленетите обврзници, содржи непроверени информации и истите сакаме да ги демантираме. Станува збор за обврзници со доспеан, а не со истечен рок како што е наведено во прилогот. Обврзниците имаат датум на доспевање, што значи дека истите може да се  ефектуираат по истекот на тој датум. Дополнително сакаме да ја информираме јавноста дека патникот кај кого се пронајдени обврзниците пред судот ја призна вината, по што е донесена пресуда од страна на судот со која обврзниците се одземени. Во исказот пред судот патникот изјавил дека имал намера да ги ефектуира обврзниците во странска земја“, велат од Царина.

Оттаму апелираат до медиумите и до јавноста да се држат до точни и проверени информации, „затоа што сите шпекулации може да и наштетат на понатамошната истрага“.

„Финансиската истрага продолжува во соработка со сите релевантни тела и институции на национално и меѓународно ниво, со цел докажување на евентуален обид за измама или спречување на  перење на пари. Истрагата ќе покаже која е реалната вредност на обврзниците и која е крајната намена на истите“, велат од Царинската управа.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ