петок, 1 ноември 2024

ЦУК: 55 пожари за три дена

Во изминатитет три дена дена имало 53 пожари на отворено, а само во последното деноноќие 22, соопшти ЦУК.

Објавено на

часот

Сподели

Пожари имало во Охрид, Тетово, Скопје, Куманово, Штип, Битола, Велес и Струмица. Карактеристичен пожар што предизвикал дополнителна штета, освен на вегетацијата, е во Велешкиот регион каде што пожарникарите од ТППЕ Велес вчера, со два пожарникара и едно ПП возило гаснеле опожарена ниска вегетација, ѓубре и дрво во близина на с.Фојница, кај Фојнички Мост. Биле опожарени и три греди од мостот.

ЦУК апелира и потсетува, да не се пали вегетација на отворено и за редовно чистење на локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во каналите. Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ