понеделник, 25 ноември 2024

Црвена младина на Левица: Студентите предвреме се бркаат од СД  „Стив Наумов“

Студентите кои престојуваат во студентскиот дом „Стив Наумов“, во тек на испитна сесија, се „бркаат“ од своето легло, информира денеска подмладокот на Левица, Црвена младина.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Поради наводнo реновирањe на студентскиот дом, управата ги приморува студентите да го напуштат домот во ек на јунската испитна сесија, односно на 25 јуни иако им е платено до крајот на месецот, односно до 31 јуни.

Го поздравуваме почетокот на реновирањето на студентскиот дом „Стив Наумов“ и се надеваме дека истиот нема да е бескраен процес како реновирањето на студентскиот дом „Кузман“. Но, целосно се спротиставувме на предвременото ‘бркање’ на студентите, и тоа за време на испитна сесија! Таа една недела плус за компанијата не значи ништо додека за студентите значи многу.

Ги повикуваме сите студенти кои се соочуваат со какви било проблеми во текот на нивното студирање, како со управите во студентските домови или со корупција во високообразовните установи да ни се обратат на социјалните мрежи или на мејл ([email protected])“. Анонимноста е загарантирана“, соопшти Црвена младина на Левица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ