сабота, 26 октомври 2024

Црна Гора ги ограничи маржите на основните животни намирници

Црногорската влада донесе одлука за ограничување на трговските маржи за повеќе од 500 артикли во големите маркети, додека малите продавници не подлежат на оваа одлука. Одлуката ќе стапи на сила на почетокот на април, а ќе важи до крајот на мај кога се очекува почеток на летната туристичка сезона.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што кажа премиерот Милојко Спајиќ, целта на оваа одлука е да се намали инфлацискиот притисок врз граѓаните бидејќи, како што кажа, инфлацијата во Црна Гора е увозна инфлација. „Со ова не само што се сопира растот на цените туку се намалуваат цените на 500 артикли, кои се најважни за животот на граѓаните на Црна Гора“, наведе Спајиќ.

Пред донесувањето на оваа одлука црногорскиот премиер имал средби со претставници на Стопанската комора на Црна Гора, каде оваа акција била усогласена, и нема да се спроведува во малите продавници и трговските ланци чии објекти во Црна Гора не надминуваат површина од 600 квадратни метри.

Инфлацијата во Црна Гора во 2023 година изнесувала 8,6 отсто. Просечната плата во Црна Гора изнесува 814 евра, а минималната е 450 евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ