петок, 18 октомври 2024

Цибона излегува од АБА лигата, МЗТ Скопје е прв кандидат да ја замени?

Цибона поради тешка финансиска ситуација најверојатно ќе го откаже учеството во новата сезона од АБА лигата, а на нејзино место би можел да влезе МЗТ Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Ситуацијата во Цибона е сериозна, за разлика од претходно овојпат не се гледа спас на виделина. Доколку градот не реагира, загрепскиот гигант ќе остане без АБА лигата. Ситуацијата ќе се решава во текот на оваа недела по што се ќе биде познато.

Ако нема промена на подобро кај Цибона, МЗТ Скопје е најсериозен кадидат да ја замени бидејќи беше најдобропласиран тим од несрпските клубови во основниот дел од АБА 2 лигата минатата сезона.

За ваква опција имаше тема и минатата сезона, тогаш Морнар беше во криза и пред излез од АБА лигата, но црногорскиот клуб од Бар успеа во последен миг да се спаси и да остане во натпреварувањето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ