сабота, 2 ноември 2024
По имплозијата кај Титаник

Човечки останки се мисли дека се најдени во остатоците од Титан

Објавено на

часот

Сподели

Делови од туристичката подморница што имплодира при длабокото нурнување до Титаник, при што загинаа пет лица, денеска беа видени за прв пат по инцидентот.

Металните остатоци од подморницата Титан беа истоварени од бродот Хорајзон Арктик во Сент Џонс, Канада, во средата.

На фотографиите се гледаат метални парчиња од подморницата покриени со церади пред крановите да ги подигнат и да ги натоварат на камиони.

Сите пет лица во подморницата загинаа на 18 јуни, откако таа имплодира околу 90 минути по нурнувањето за да ги видат остатоците од славниот брод од 1912 година, кој се наоѓа на длабочина од 3.800 метри во северен Атлантик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ