Како што велат од МАПАС, изборот се врши со писмена изјава за продолжување на членство, а доколку членовите до 20 јули 2023 година не достават изјава, членството во задолжителниот пензиски фонд ќе им престане. По престанување на членството во задолжителниот пензиски фонд, пензиското друштво го пренесува вкупниот износ на парите од индивидуалните сметките на овие членови во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување (ПИОМ).
„Членовите кои нема да дадат изјава за продолжување на членство остануваат осигуреници само во тековно финансираното пензиско осигурување засновано на генерациска солидарност (Фондот на ПИОСМ) од каде што ќе го остварат правото на пензија“, велат од МАПАС.
Повеќе информации за членовите кои имаат бенифициран стаж и за изјавата за продолжување на членство во задолжителен пензиски фонд може да се побараат на официјалната веб страница на МАПАС.