„Побарани се дипломатски пасоши за членовите на Комисијата, но засега само јас, како претседателка, го имам добиено. За другите членови нема ни одговор дали ќе добијат дипломатски пасош. Легитимно право е на секој член да си побара, а институцијата ќе цени дали им следува“, изјави Димитровска.
Од МНР велат дека Димитровска го добила дипломатскиот пасош по проценка на претходниот министер за надворешни работи Бујар Османи.
Никој од претходниот состав на ДКСК нема добиено дипломатски пасош, ниту пак некој од нив побарал.