понеделник, 21 октомври 2024

Четворица приведени за убиството во Калуѓерец

Полицјата од Македонски Брод вчера ги лишиле од слобода Т.Т. (63) и А.Т. (39) од Македонски Брод, Д.Д. (21) од село Суводол и И.М.(29) од Кичево, поради сомнение за инволвираност во кривично дело по член 123 од Кривичниот законик.

Објавено на

часот

Сподели

Имено, како што претходно пријавил Т.Т., околу 23.00 часот, во дворот од неговата куќа во село Калуѓерец, општина Македонски Брод, при чистење на ловечка пушка, пушката испукала еден куршум кој го погодил Д.С. (31) од Кичево, со кого сите заедно биле на лов. Од добиените повреди Д.С. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Македонски Брод, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ