Две момчиња и две девојки од Штип се тешко повредени во сообраќајна несреќа што ноќеска околу 1 часот по полноќ се случила на патот од Кочани кон Пониква, во близина на месноста Аеродром.
На повредените веднаш им била укажана медицинска помош, а поради сериозноста на повредите тие се пренесени во Клиничката болница во Штип.