вторник, 22 октомври 2024

Четири лица се повредени во сообраќајка со трактор

Вчера помеѓу селото Ропотово и село Сарандиново, општина Долнени, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд галакси“, управувано од А.Ч. (44) од село Дебреште, Прилепско и трактор „тафе“ со приколка, управуван од Ж.В. (62) од Прилеп, и двете со прилепски регистарски ознаки. Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот на тракторот Ж.В., а телесни повреди добиле тројца сопатници од возилото „форд галакси“, А.Ч. (71), М.Ч. (74) и една малолетничка, сите од село Дебреште, констатирани во Градската болница Прилеп.

Објавено на

часот

Сподели

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ