Челси конечно стави крај на серијата порази и доби еден дуел, го совлада Борнмут на негов терен со 3-1.
Галагер во деветтата минута погоди за водство на Челси од 1-0, но Виња во 21. минута израмни на 1-1. Со тој резултат се замина на полувремето.
Во 82. минута Бадиашил го врати водството на Челси, а четири минути подоцна Жоао Феликс ги постави конечните 3-1.
Манчестер Сити даде два гола преку Гундоган во првото полувреме, Пеп сакаше тој да постигне и хет-трик, па му рече пеналот во 84. минута да го шутира тој наместо Халанд и промаши.
Во следната минута Лидс казни преку Родриго кон намали на 2-1, за среќа на Сити тимот на Сем Алардајс не постигна уште еден гол.
Тотнем со гол на Кејн дојде до победа од 1-0 над Кристал Палас.
Со 1-0 славеше и Вулс над Астон Вила. Победничкиот гол го постигна Тоти во 9. минута.