сабота, 26 октомври 2024

Чадело од стан, влетале пожарникари, шпоретот работел, а никој немало

Пожарникари влегле во стан во Велес по пријава дека чади. Сопственикот не бил дома, а шпоретот го заборавил вклучен.

Фото илустрација: Противпожарна бригада Скопје

Објавено на

часот

Сподели

„Има и пожари од невнимателност, заборавање на вклучени електрични уреди. Токму таков случај имало во последното деноноќие, за среќа со среќен завршеток, бидејќи на време е забележан чадот и пожарникарите со брза акција го изгаснале започнатиот пожар. Конкретно, Регионалниот ЦУК Велес, известува дека пожарникарите од ТППЕ Велес, во период од 13.10 до 13.45 часот интервенирале, по пријава дека од заклучен стан чади. Брзо дејствувале, ја отвориле вратата и установено е дека сопственикот го заборавил шпоретот вклучен. Сопственикот е пронајден и дошол на лице место. Штети немало направено, интервенирано е на време. На терен биле тројца пожарникари со едно возило.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ