недела, 24 ноември 2024

Цел регион ни се смее поради ракометарките на Скопје и Гевгелија (ФОТО)

Во Купот на Македонија во женска конкуренција се одигра скандалозен натпревар кој привлече големо внимание, не само во нашата земја, туку и во целиот регион.

Објавено на

часот

Сподели

Ракометарките на Скопје и Гевгелија во последните пет минути од натпреварот си постигнуваа автоголови и не сакаа да го напаѓаат противничкиот гол.

Во вчерашните вести на Сител, министерот за спорт, Борко Ристовски најави дека во понеделник ќе им ја одземе лиценцата за дејност спорт на Скопје и Гевгелија, по што овие клубови веќе нема да се натпреваруваат во ракометните лиги.

Во меѓувреме срамот се рашири во целиот регион, портали од Србија, Хрватска, БиХ, Црна Гора… објавуваат за големиот скандал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ