понеделник, 21 октомври 2024

Царината заплени пури, цигари, облека…

Минатата недела царинските службеници спречија обиди за криумчарење на цигари, пури и облека.

Објавено на

часот

Сподели

На Меѓународниот аеродром во Скопје запленети се 69 штеки цигари без акцизни маркички од марката Kaрели, Оме и Парлиамент. Цигарите и пурите се откриени во патните торби на македонски државјанин, кој имал намера да отпатува со лет за Лондон. Цигарите се привремено задржани, а против патникот е поведена соодветна постапка.

100 пури од марките Кохиба, Буливар и Монтекристо, откриени се од мобилните царински тимови при контрола на автобус со странски регистарски таблички, на граничниот премин Деве Баир на влез во државата. При преглед на автобусот, позади возачкото седиште во кеси со храна и во ранец со гардероба на возачот, пронајдени се непријавените 100 пури. Стоката е задржана, а против лицето е започната соодветна постапка.

413 парчиња облека (фустани, женски пантолони, маици и кошули), откриени се на влез во државта на граничниот премин Табановце при контрола на автобус со македонски  регистарски таблички. На прашање на царинскиот службеник дали има нешто да пријави, возачот на автобусот изјавил дека нема ништо за пријавување. При царинска контрола на автобусот, во задна гума и во багажниот простор помеѓу торби и куфери на патници, замотани во најлонски кеси и торби излепени со леплива трака, била пронајдена  непријавената стока. Текстилните производи се привремено задржани а против возачот е поведена прекршочна постапка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ