петок, 18 октомври 2024

Буре барут во Хормушкиот теснец: САД-Израел ќе се сретнат со Великиот пророк

Објавено на

часот

Сподели


Тензиите околу Хормушкиот теснец се закануваат да достигнат небесни височини. Иранските планови да се изведат „најголемите поморски воени вежби“ што досега ги организирале имаат големи шанси да се совпаднат со вежбите на САД и Израел во Персискиот залив. Додека двете страни ги заземаат позициите, дали е на повидок вистинска битка?
Да се надеваме дека големите воени вежби ќе останат само тоа – големи воени вежби. Но со три армии на шаховската табла, една искра ќе биде доволна за да потпали вистинска војна.
Иран, кој неодамна ги заврши десетдневните поморски вежби во близина на Хормушкиот теснец за да ја демонстрира својата воена моќ, сега планира нови „масивни“ поморски вежби наречени Големиот пророк.
Вежбите ќе ги води државната елитна Револуционерна гарда, која има свои воздушни, поморски и копнени сили, одделени од оние на регуларната војска.
Во четвртокот полуофицијалната новинска агенција Фарс ја цитираше изјавата на поморскиот командант на иранската Револуционерна гарда, адмиралот Али Фадави, дека следната рунда воени игри ќе бидат „поинакви“ од претходните, јавува Асошиејтед прес.
Иако извори од израелската војска тврдат дека најавените ракетни вежби во координација со армијата на САД, заради кои 15.000 американски војници беа испратени во Персискиот залив, немаат никаква врска со неодамнешните настани, Мартин ван Кревелд, воен историчар од Еврејскиот универзитет во Ерусалим, вели дека вежбата ќе биде искористена за да му се покажат заби на Иран.
„Одбрана од напад не е нешто што се импровизира од денес за утре. Тоа е нешто што се вежба, што се подготвува… Ова, меѓу другото, е вежба да му се покаже на Иран, на властите во Техеран, дека Израел и САД се подготвени за противнапад“, вели тој.
Но Џамал Абди од Националниот иранско-американски совет во Вашингтон за Раша тудеј изјави дека постапките на Америка и на Израел не се само превентивни.
„Сѐ поблиску и поблиску сме до војна со Иран. На секој што тврди дека ваквиот тек на настаните е само коинциденција– планираните вежби на САД и Израел, вежбите на Иран во Персискиот залив, најавените санкции без дипломатија – јас му одговарам дека ова може да заврши само со конфликт“, вели тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ