„Програмскиот совет на Бугарското национално радио, по вонредната седница на 16 декември годинава, го забрани емитувањето на интервјуто со руската амбасадорка во Бугарија, Елеонора Митрфанова, во денешната емисија Политички некоректно“, се вели во соопштението на руската амбасада во Софија, пренесува Риа Новости.
Руската амбасада истакна дека оваа одлука на БНР предизвикува „само збунетост и разочарување“.
„Убедени сме дека поголемата цензура поттикнува поголема потреба од алтернативни мислења и вистина за тоа што се случува во Русија и во светот“, се заклучува во соопштението на руската амбасада.