сабота, 20 јули 2024

Бруто-домашниот производ повисок за 2 отсто, најголем раст во градежништвото

Објавено на

часот

Сподели

Во првото тримесечје од 2023, поголем пораст е забележан во секторите – Градежништво од 12.7 отсто и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 10.6 отсто.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата,
во првото тримесечје, номинално расте за 14.8 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 69 отсто.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 13.7 отсто, а увозот на стоки и на услуги забележа
намалување во номинален износ од 1.4 отсто.

Бруто-инвестициите во првото тримесечје од 2023 година бележат намалување во делот на промената на залихите, покажуваат податоците на ДЗС.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ