петок, 18 октомври 2024

Брус Вилис чека уште една ќерка

Објавено на

часот

Сподели

Еден негов пријател за списанието Лајф&стајл изјави: „Брус ќе добие уште едно женско бебе во својот живот. Тој е пресреќен и ептен ја тинтра Ема.
56-годишниот Брус претходно изјави дека му е сеедно дали ќе има деца со Ема, бидејќи единственото битно нешто е тие да бидат заедно.
„Би сакал да имам уште илјада деца. Или пак да немам повеќе деца. Сеедно ми е. Покрај Ема се чувствувам одлично“, изјави тој.
Брус исто така откри и дека вљубувањето во британскиот модел за долна облека му го свртело животот на подобро.
„Никогаш не сум бил посреќен и ова ми се случи по период на осаменост, иако се обидував да се убедам дека уживам во животот. Пред да ја запознаам Ема бев песимист дека повторно ќе најдам некоја посебна жена со која ќе сакам да го поминам животот. Некоја што ќе нема скриени мотиви и која ќе сака да биде со мене зашто ме сака, искрено“, изјави Вилис.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ