сабота, 26 октомври 2024

Брод со 200 тони храна пристигна во Газа

Брод што тргна од Кипар со речиси 200 тони храна за Газа стигна до брегот на палестинската енклава, објави Ројтерс, повикувајќи се на очевидци.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Брод во сопственост на шпанската невладина организација „Опен армс“ исплови од пристаништето Ларнака, во рамките на тестирањето на новиот поморски коридор за директна испорака на помош во Појасот Газа, со шлепер со основната храна. Не е познато каде планирал да се закотви бродот кога пристигна.

Мисијата, која најмногу ја финансираат Обединетите Арапски Емирати, ја организира американската невладина организација „Ворлд сентрал кичен“, додека шпанската невладина организација Опен армс го обезбедува бродот, пренесува Ројтерс.

Втора пратка со помош ќе биде испратена од Кипар во Газа во наредните денови, рече во средата кипарскиот министер за надворешни работи Константинос Комбос, додавајќи дека Кипар може да игра сè поголема улога во доставувањето помош за Газа по море.

Хуманитарните организации планираат да доставуваат помош директно до Газа, која е под блокада од почетокот на израелската офанзива како одговор на нападот на Хамас на 7 октомври.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ