вторник, 26 ноември 2024

Британски медиуми: Лондон ѝ дозволи на Украина да употреби британски ракети во Русија

Британските медиуми јавуваат дека оваа земја зад затворени врати и дала зелено светло на Украина да ги употреби ракетите „сторм шедоу“ за да напаѓа длабоко на руска територија, бидејќи московските трупи повторно целеле енергетски објекти и цивилна инфраструктура во североисточна Украина во текот на ноќта, при што раниле најмалку 14 лица.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Според Гардијан, владини извори изјавиле дека веќе е донесена одлука Киев да може да користи крстосувачки ракети од британско производство во Русија.

Овој потег не беше најавен и веројатно нема да биде објавено дури и кога британскиот премиер Кир Стармер ќе се сретне со американскиот претседател Џо Бајден во Вашингтон на 13 септември.

Британските официјални лица не го потврдија извештајот на Гардијан.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски со месеци ги моли сојузниците на Киев да ѝ дозволат на Украина да пука со западно оружје, вклучително и американските АТАКМС со долг дострел и британските „сторм шедоу“, длабоко во руската територија за да ја ограничи способноста на Москва да изврши напади.

Бајден претходно оваа недела рече дека неговата администрација смислува начин како да ги укине ограничувањата, иако не даде никакви детали.

Државниот секретар Ентони Блинкен навести за време на патувањето во Киев на 11 септември дека Белата куќа е блиску до одлука за укинување на ограничувањата за употреба на оружјето со долг дострел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ