Асанж се соочува со 175 години затвор во САД поради објавување докази за воени злосторства извршени од американската војска во Авганистан и Ирак.
Во февруари Високиот суд ќе ја разгледа претходната пресуда на Вишиот суд донесена во јуни 2023 година, со која на основачот на Викиликс му се ускратува правото на жалба.
Судиите ќе одлучат дали Асанж ќе може да продолжи да го аргументира својот случај пред британските судови или ќе ги исцрпи сите понатамошни жалби во Британија и ќе влезе во процесот на екстрадиција.
Доколку судот не застане на страната на Асанж, тој ќе има можност да се жали до Европскиот суд за човекови права.
Поддржувачите на Асанж ги повикуваат „сите што ја поддржуваат слободата на медиумите“ да им се придружат во Лондон и низ светот на протестите за негова поддршка.
Сопругата на основачот на Викиликс Стела Асанж изјави дека психичката и физичката состојба на нејзиниот сопруг значително се влошила во последните четири и пол години.
„Со мноштвото докази што излегоа на виделина од првичното сослушување во 2019 година, вклучително и извештаите дека високи американски функционери биле вклучени во планирањето убиство на мојот сопруг, јасно е дека праведно судење на американска територија е невозможно. Прогонот на овој невин новинар и издавач мора да престане“, рече таа.
Главниот уредник на Викиликс, Кристин Храфнсон, исто така, го поддржа Асанж, велејќи дека „нема печат, без заштита на правото на слободна работа“.
„Случајот на Џулијан е важен. Велика Британија треба да одлучи дали сака да биде засолниште за слободниот печат или сака да биде соучесник во деградацијата на еден од основните постулати на нашата демократија. Ова е последна шанса за судиите во Велика Британија да ја запрат оваа неправедна екстрадиција на еден невин човек“, изјави Храфнсон.
Додека служеше како специјален известувач на ОН за тортура, Нилс Мелцер објави извештај за Асанж, во кој рече дека основачот на Викиликс ги покажува „сите симптоми типични за личност подложена на ментална тортура“.
Тој рече дека Асанж страда од „екстремна анксиозност и стресни состојби што се карактеризираат со несоница и неможност да се опушти“.
„Психичката тортура трае со месеци и е последица на меѓународниот притисок“, истакна Мелцер.
Минатата година, повеќе од 60 члена на австралискиот парламент ги повикаа САД да се откажат од гонењето на Асанж, додавајќи дека случајот „се одолжува повеќе од една деценија“.
„Погрешно е тоа што господинот Асанж е прогонуван и му е ускратена слободата“, наведуваат парламентарците во отвореното писмо.
Од друга страна, американските власти ги отфрлија наводите на австралиските пратеници.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека ја разбира „загриженоста и ставовите на Австралијците“, но додаде дека е „многу важно пријателите во Австралија да ја разберат загриженоста на САД за наводната улога на Асанж во едно од најголемите протекувања доверливи информации во историјата на нашата земја“.
Тој посочи дека Асанж наводно ја довел во ризик националната безбедност на Соединетите Држави.
Џулијан Асанж и Викиликс првпат ѝ станаа познати на пошироката јавност во 2010 година, кога на таа страница беа објавени стотици илјади тајни доверливи документи и дипломатски телеграми, што останува најголемиот безбедносен пропуст од ваков вид во американската воена историја.
Асанж се соочува со 175-годишна затворска казна во САД врз основа на Законот за шпионажа, кој беше усвоен во 1917 година во екот на Првата светска војна, меѓу другото, за да ги потисне критиките на САД за влегувањето во војната и нејзините воени активности.
Законот никогаш досега не бил користен за кривично гонење новинари или медиуми што објавиле доверливи материјали.
Од 2012 година беше во амбасадата на Еквадор, каде што доби политички азил, кој го бараше за да ја избегне екстрадицијата во Шведска, која го обвини за силување, односно екстрадицијата во САД.
По промената на власта во Еквадор во 2019 година, амбасадата на таа земја му го укина азилот и потоа им го предаде на британските власти. Оттогаш тој е во затвор.