вторник, 3 декември 2024

Москва: Новата американска база во Полска е одамна на листата за потенцијално уништување

Руското министерство за надворешни работи соопшти денес дека новата американска воена база во северна Полска за одбрана од ракетни напади ќе доведе до зголемување на вкупното ниво на нуклеарна опасност и дека се наоѓа на руската листа за потенцијално уништување ако биде потребно.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Базата за противвоздушна одбрана, во градот Реџиково во близина на Балтичко Море, е дел од ракетниот штит на НАТО, а беше отворена на 13 ноември.

„Ова е уште еден, искрено, провокативен чекор во низата длабоко дестабилизирачки акции на Американците и нивните сојузници во Северноатлантскиот сојуз во стратегиската сфера“, кажа портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова.

„Тоа доведува до поткопување на стратегиската стабилност, зголемување на стратегиските ризици и, како резултат на тоа, зголемување на вкупното ниво на нуклеарна опасност“, истакна Захарова.

„Имајќи ги предвид природата и нивото на закана кои ги претставуваат таквите западни воени објекти, базата за противракетна одбрана во Полска одамна е додадена на листата на приоритетни цели за потенцијално уништување кои, ако биде потребно, може да се изврши со широк распон на напредно оружје“, истакна портпаролката на руската дипломатија.

Противракетниот штит на НАТО вклучува инсталации во Полска и Романија, како и разурнувачи на американската морнарица во поморска база во Шпанија и радар за рано предупредување во Турција, според западниот воен пакт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ