недела, 27 октомври 2024

Британија сака да забрани странска сопственост над медиумите

Додека британските власти проценуваат дали да ѝ одобрат на приватната инвестициска компанија Редбрд ИМИ од Абу Даби да го купи дневниот весник Телеграф, паралелно се разгледува можноста законски да им се забрани на странски држави да бидат сопственици на медиумски организации, потврдија денес упатени извори во британската влада.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Понудата на компанијата од Абу Даби за купување на влијателниот британски политички весник Телеграф поттикна расправа за прашањето за независноста на медиуми и можноста странски инвеститори да ја загрозат слободата на печатот, пишува Ројтерс.

Околу 100 пратеници на британскиот парламент од сите партии го потпишале писмото во кое се изразува противење компанијата Редбирд ИМИ од Абу Даби да ги купи Телеграф и магазинот Спектатор, и изразија загриженоста околу потенцијалното мешање во уредувачката политика и воведувањето цензура.

Британската министерка за јавно информирање и медиуми Луси Фрејзер одлучува за тоа дали ќе биде одобрено ова преземање на два британски медиуми, но пратениците во горниот дом на парламентот ќе гласаат за амандман на законот за дигитални пазари, конкуренција и потрошувачи кои на министрите би можеле да им овозможат право на вето на понудите на странски држави за британските весници.

Доколку таквиот закон биде усвоен, за него потоа би се изјаснил долниот дом.

Кабинетот на премиерот Риши Сунак соопшти дека сè уште разгледува дали да се поддржат измените на постоечките прописи за да се спречи странска држава да биде сопственик на британска медиумска куќа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ