„Европската унија ја поддржува Украина во неколку области, меѓутоа, прашањето за безбедносните гаранции не е за ЕУ. Ние не сме организација која обезбедува безбедност и затоа не можеме да разговараме за безбедносните гаранции. Тоа се прашања за НАТО и за одредени земји, но не и за ЕУ“, рече тој.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави претходно дека се подготвува безбедносен гарантен пакет за периодот до приемот на неговата земја во НАТО. Тој истакна дека Украина планира да потпише цела серија билатерални договори со САД и 12 европски земји – Белгија, Данска, Ирска, Исланд, Шпанија, Норвешка, Холандија, Португалија, Романија, Финска, Чешка и Шведска.