сабота, 26 октомври 2024

Брисел: Изборите во Русија не беа фер и слободни

Претставниците на Европската Унија и европските земји ги оценија претседателските избори во Русија како недемократски, спроведени под репресија и без вистински избор.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, изјави дека изборите не биле фер и слободни, туку под репресија и заплашување, и по тој повод најави заедничка изјава на сите 27 земји од ЕУ, пренесува Ројтерс.

Француското Министерство за надворешни работи соопшти дека се врши репресија врз граѓанското општество и дека не се почитуваат условите за демократски избори, а од друга страна ја пофали храброста на „руските граѓани што мирно протестираа против нападот на нивните основни политички права“.

Франција, исто така, го осуди одржувањето на избори на териториите на Украина под руска контрола и посочи дека „не го признава и никогаш нема да го признае одржувањето на овие таканаречени избори“.

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок изјави дека во Русија се одржале „избори без избори“ и додаде дека ЕУ ќе го отвори патот за нови санкции против Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ