„Ниту Путин, ниту Зеленски не се подготвени за мир“, изјави претседателот Лула за странските дописници на прес-конференција, додавајќи дека мировните предлози што тој ги бара со другите неутрални земји ќе бидат готови кога Русија и Украина ќе бидат подготвени да преговараат.
Луис Инасио Лула да Силва рече дека групата на светски економии во развој БРИКС треба да дозволи пристап до нови членки „се додека тие ги исполнуваат условите“, наведува Ројтерс, потсетувајќи дека Бразил е главниот противник на проширувањето на асоцијацијата БРИКС.