вторник, 22 октомври 2024
Познати се четвртфиналните двојки на Копа Америка

Бразил одигра реми со Колумбија и како втор оди на Уругвај во четвртфиналето

Колумбија ја задржа првата позиција на табелата откако одигра 1-1 против Бразил, Костарика со 2-1 беше подобра од Парагвај, со овие мечеви заврши групната фаза на Копа Америка.

Објавено на

часот

Сподели

Бразил и Колумбија одиграа интересен натпревар со неколку одлични шанси, спорни ситуации и два гола.

Резултатот го отвори Рафиња со прекрасен гол од слободен удар во 12. минута од натпреварот.

Израмнувањето стигна во судиското продолжение од првото полувреме кога по асистенција од Кордоба, Муњоз реализираше за 1-1.

Во вториот дел и двете екипи имаа шанси да дојдат до победата. Имаше и судиски пропуст кога не беше досуден пенал врз Винисиус иако од повторената слика се гледа дека имаше контакт.

Костарика со 2-1 го совлада Парагвај во вториот меч од оваа група. Двете селекции испаднаа.

Костариканците имаа фуриозен старт на мечот, поведоа со гол на Калво уште во третата минута, а четири минути подоцна Алсосер зголеми на 2-0.

Парагвај се врати во игра со гол на Соса по десет минути игра во второто полувреме, но тоа беше се што направија. Мечот заврши 2-1.

Со овие дуели заврши групната фаза и комплетирани се четвртфиналните двојки.

Четвртфинале:
Аргентина – Еквадор
Венецуела – Канада
Уругвај – Бразил
Колумбија – Панама

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ