сабота, 20 јули 2024

Бранко Азески на чело на Асоцијацијата на балкански комори во 2024

На седницата на Асоцијацијата на балкански комори, која ќе се одржи 13 декември во Солун, Грција, ќе биде потврден изборот на претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески за претседател на асоцијацијата во следната година. На седницата ќе се расправа и за актуелните прашања од економското опркужување на земјите од Балканот, вклучувајќи ги перспективите на балканските земји да се приклучат на Европската Унија и еврозоната, како и прашањето за трговската и економската интеграција на земјите од регионот.

Објавено на

часот

Сподели

Асоцијацијата на Балкански комори е здружение на 10-те стопански комори од Балканскиот регион (членки и не-членки на европската Унија), кое следната година ја одбележува 30-та годишница од своето постоење

Главен фокус во рамки на претседателството на Асоцијацијата на балкански комори под водство на Азески во следната година ќе биде прашањето за инфраструктурата и поврзаноста помеѓу балканските земји. Активностите на Асоцијацијата на балкански комори ќе се надоградат на портфолиото на регионалните организации кои во својот обем на активности веќе опфаќаат различни сегменти од регионалната економска соработка (Коморскиот инвестициски форум, Регионалниот совет за соработка, ЦЕФТА секретаријатот и Секретаријатот на транспортната заедница).

Асоцијацијата на балкански комори (АБК), е основана во 1994 година во Романија, со цел создавање интеграција и развој на стопанската соработка во регионот. Членки на АБК, покрај Стопанската комора на Македонија, се и Стопанската комора на Албанија, Стопанската комора на Бугарија, Надворешно – трговската комора на БиХ, Стопанската комора на Црна Гора, Унијата на трговско-индустриските комори на Грција, Стопанската комора на Кипар, Стопанската комора на Романија, Стопанската комора на Србија и Унијата на Комори и стокови берзи на Турција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ