Бостон ја загуби предноста на домашен терен уште во првиот натпревар против Мајами, гостите со неверојатна трета четвртина го свртеа мечот и дојдоа до триумфот.
По првото полувреме Селтикс водеше со 66-57, но работите се променија во третиот период во кој Мајами даде 46 поени, а прими 25. Дојде до предност која ја одржа до крајот за победа од 123-116.
Најефикасен на теренот беше Батлер со 35 поени, Адебајо постигна 20, кај Бостон најдобар беше Тејтум со 30 поени, Браун реализираше 22.