сабота, 19 октомври 2024

Борнмут го изненади Арсенал, „топчиите“ за прв пат поразени во гости оваа година (ВИДЕО)

Борнмут приреди изненадување и со 2-0 го совлада Арсенал, за „топчиите“ ова беше првиот пораз во гости во Премиерлигата во 2024.

Објавено на

часот

Сподели

Избраниците на Микел Артета кикснаа на гостувањето на „Виталити“ стадионот, Борнмут умееше како да го искористи исклучувањето на Салиба и да стигне до победа.

Дефанзивецот на Арсенал доби црвен картон по 30 минути, домаќините трпеливо ја чекаа својата шанса и поведоа со голот на Кристи во 70. минута.

Десет минути подоцна беа решени сите дилеми, Клавјет погоди од пенал за 2-0.

За „топчиите“ ова беше првиот пораз на гости во Премиерлигата во 2024, последе пат загубија во декември 2023.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ