четврток, 31 октомври 2024
Изјава на дополнителниот заменик министер

Бојмацалиев: Денеска пристигнуваат 400 илјади обрасци за лични карти

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев изјави дека денеска се очекува да пристигнат 400 илјади обрасци за лични карти, а наведе дека проблем останува неодобрените 50 илјади документи.

Објавено на

часот

Сподели

Бојмацалиев, кој денеска беше во посета на ОВР изнесе забелеша дека е информиран од управните служби при МВР на ниво на државата дека сепак се уште од страна на кабинетот на министерот не е решен проблемот со одобрување на личните документи.

„Бројката на неодбрени документи стига над 50.000 и во текот на денешниот ден ќе упатам и писмо за состанок заедно со раководството на управните служби и министерот Тошковски, да го надминеме овој проблем“, потенцираше Бојмацалиев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ