недела, 20 октомври 2024

Богоевски: Државата директно се меша во спортот

Во интервју за „Радио Слободна Европа“, спортскиот директор на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Владимир Богоевски вели дека актуелниот закон е таков што дозволува државата да се меша во спортот.

Објавено на

часот

Сподели

Богоевски го критикува делот од Законот за спорт според кој генералниот секретар на МОК треба да добие амин од Агенцијата за млади и спорт за да стапи на функцијата, што претставува директно мешање на државата во спортот.

„Во Законот има некои работи, на пример, генералниот секретар на Македонскиот олимписки комитет сега по нашиот Статут на предлог на претседателот го бира Управниот одбор и Собранието на Македонскиот олимписки комитет. Меѓутоа, во Законот за спорт пишува дека генералниот секретар мора да биде тема на разговор на Агенцијата за млади и спорт и таа да каже дали е тој подобен за да работи во Македонскиот олимписки комитет. Тоа е директно мешање на државата затоа што не може они да ни кажат и да ни наложат кој треба да работи во Македонскиот олимписки комитет, како што ние не кажуваме кој ќе биде министер во Владата“, вели Богоевски во интервјуто за РСЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ