вторник, 23 јули 2024

Богат фонд на еко-награди во големата летна наградна игра на Веро

Објавено на

часот

Сподели

Наградната игра ќе трае до 14 јули, а во неа може да учествуваат сите полнолетни потрошувачи на Веро. Со секоја сметка над 300 денари од означените промотивни производи направена во кој било Веро маркет, потрошувачите добиваат купон за учество во наградната игра. Пополнетите купони се оставаат во означените кутии во Веро маркетите и ќе учествуваат во неделните извлекувања на награди, а фискалните сметки треба задолжително да се чуваат до завршување на наградната игра. Сите купони ќе учествуваат во главното извлекување на 15 јули, кога ќе се дознае и добитникот на главната награда.

Грижата за животната средина која Веро континуирано ја демонстрира преку голем број општествено-одговорни проекти е изразена преку богатиот фонд на еко награди кои компанијата ги обезбеди за своите потрошувачи. Во наградната игра „Даруваме и животната средина ја чуваме“, покрај главната награда електричен мотор, ќе се доделуваат и електрични велосипеди, електрични тротинети, прочистувачи за воздух, велосипеди, паметни часовници, правосмукалки и голем број вредносни ваучери од по 2.000 и 3.000 денари за пазарување во Веро маркетите.

Извлекувањата на неделните награди ќе се одржуваат секоја сабота, почнувајќи од 10 јуни, во Веро центар во Скопје во 12 часот. Главното извлекување е на 15 јули во 12 часот исто така во Веро центар, кога и ќе се знае името на најсреќниот во оваа голема наградна игра. Имињата на добитниците на награди во неделните извлекувања, како и името на добитникот на главната награда ќе се објавуваат на социјалните мрежи на Веро маркети, а информации за добитниците може да се добијат и во самите маркети.

Веро им посакува многу среќа на сите учесници во наградната игра.

 

                                                                                                                                                     Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ