недела, 20 октомври 2024

Бог ќе се јави ама скопјани не ќе можат да го видат од загадениот воздух

Тивкиот и ситен дожд што минатите два дена периодочно паѓа во Скопје едвај успеа да го симне индексот на загадување во Скопје. Погледот што го даваат камерите на ЈСП Скопје поставени на скопската жичарница сѐ уште покажуваат сериозна загриженост за тоа каков воздух дишат скопјани.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Домашната интернет страница Скопје пулс еко, која податоците ги црпи од повеќе мерни станици поставени низ Скопје, покажува „лош квалитет на воздухот кој влијае негативно врз здравјето на чувствителните групи, луѓе со срцеви или белодробни заболувања, повозрасни луѓе и деца“.

Според нивните податоци најдраматично е во над падините на Водно кај Теферич каде се измерени 220 ПМ10 микрочестички на метар кубен (мч/м3), а ништо подобро не е ниту во Центар во Маџир маало каде се имерени 177 мч/м3. Во Кисела Вода кај Шампионче пак забалежани се 152 мч/м3, по што следат Тафалиџе 2 со 132 мч/м3 и Бутел 2 со измерени 120 мч/м3.

Ништо подобро не е ниту во Сарај и Ѓорче Петров каде платформата waqi.info измерила 156 односно 157 ПМ 10 мч/м3.

Денеска православните верници го слават Богојавление- Водици и се поздравуваат со поздравот „Бог се јави“. Бог се јави од небото ама само за оној кој ќе може да погледне кон него.

Скопјани очигледно нема да можат да го направат тоа.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ