понеделник, 18 ноември 2024

Блумберг: Ердоган ќе предложи Украина да ги одложи преговорите за членство во НАТО за најмалку 10 години

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на самитот на Г-20 планира да го претстави својот предлог за „замрзнување“ на војната во Украина. Планот вклучува и одложување на разговорите за членството на Украина во НАТО, пишува Блумберг.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според медиумите, мировната формула на украинскиот претседател Володимир Зеленски се фокусира на обезбедување јасен пат до членство во НАТО и заштитни гаранции пред пристапувањето.

Изворите тврдат дека со планот на Ердоган ќе се предложи Украина да ги одложи преговорите за членство во НАТО за најмалку 10 години како отстапка за рускиот претседател Владимир Путин.

Турскиот предлог би вклучувал и формирање демилитаризирана зона во источна Украина, распоредување меѓународни сили во областа и обезбедување воени гаранции за Киев како надомест за невлегувањето во НАТО.

Анонимни турски функционери признаа дека Киев може да смета дека таквиот предлог е проблематичен, но посочија дека може да обезбеди стабилен прекин на огнот.

Планот може да им се допадне на некои од сојузниците на Украина, кои се загрижени за ризикот од директен конфликт меѓу НАТО и Русија доколку Украина стане членка на алијансата.

Самитот на Г20 е годишен состанок на лидерите на Групата Г20, клучен меѓународен форум за дискусија за економските и глобалните предизвици. На самитот се одобруваат договорите постигнати во текот на годината, со што се дефинираат насоките на идната соработка.

Самитот оваа година ќе се одржи на 18 и 19 ноември 2024 година во Рио де Жанеиро, Бразил.

Во меѓувреме, Ројтерс извести дека лидерите на Г-20 не можат да постигнат согласност за конечна заедничка изјава по масовниот воздушен напад на Русија врз Украина на 17 ноември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ