сабота, 26 октомври 2024

Блинкен во Израел како дел од напорите за постигнување прекин на огнот во Газа

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска пристигнува во Израел, како дел од интензивните дипломатски напори за време на турнејата во регионот на Блискиот Исток да се постигне „траен и непосреден прекин на огнот“ во Газа и да се одврати израелската офанзива на Рафа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Блинкен треба да се сретне со премиерот Бенјамин Нетанјаху и со воениот кабинет на Израел, соопшти Стејт департментот.

Се очекува највисокиот американски дипломат да изврши нов притисок врз Израел со цел одвраќање од офанзивата на Рафа и да укаже на итната потреба да се достави поголема хуманитарна помош за населението во Појасот Газа.

„Нашиот став, кој е многу јасен, е дека голема воена операција во Рафа би била грешка, нешто што ние не го поддржуваме“, рече Блинкен во четвртокот, пренесе Си-ен-ен.

Ова е шеста посета на Блинкен во регионот на Блискиот Исток од почетокот на војната во Појасот Газа, а се одвива паралелно со преговорите што се водат во Катар за пауза во борбите во Газа и ослободување на заложниците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ