недела, 24 ноември 2024

Блинкен денеска пристигнува во Кина за прв пат во својот мандат

Објавено на

часот

Сподели

Ова ќе биде прва посета на Блинкен на Кина од преземањето на функцијата во 2021 година. За два дена тој треба да се сретне со голем број високи кинески претставници. Пред посетата, тој изјави дека „ќе зборува директно и искрено за американската загриженост за низа прашања“. Целта на посетата, рече тој, е да се воспостави „отворена комуникација“ за САД и Кина да можат одговорно да управуваат со своите односи.

„Интензивното ривалство бара континуирана дипломатија за да бидеме сигурни дека ривалството нема да ескалира во конфронтација или конфликт“, изјави тој за новинарите. Односите меѓу Кина и САД се меѓу најважните билатерални односи во светот.

Тие врски се сериозно затегнати поради низа прашања, вклучително и поддршката на Кина за руската војна во Украина, кинеските закани за Тајван и бројните трговски спорови. Администрацијата на претседателот Џо Бајден ја издвои Кина како „најважниот геополитички предизвик“ со кој се соочуваат Соединетите држави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ