понеделник, 21 октомври 2024

Бизнисменот Радомировиќ пронајден застрелан, починал на пат до болница

Сопственикот на фирмата „Техноком“ и основачот на „Радо банка“ доцна вечерва со тешки повреди на главата е пронајден покрај неговиот автомобил кај скопското селото Орман.

Објавено на

часот

Сподели

Според првичните неофицијални информации, Радомировиќ бил пронајден со раскрвавена глава, а до него имало пиштол и чаура.

Радомировиќ, тешко повреден бил пренесен со Итна помош на скопските клиники, но на пат дотаму, тој им подлегнал на повредите.

Повеќе детали се очекуваат за утре, а ќе се истражува дали станува збор за убиство или самоубиство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ