петок, 18 октомври 2024

Бизнис центарот Соравиа преоѓа во сопственост на една македонска и една албанска фирма

Објавено на

часот

Сподели

Комисијата за заштита на конкуренцијата на 9 јуни извести дека ќе дојде до заедничка контрола над друштвото за градежништво и услуги „Соравиа инвест“ ДООЕЛ и над Друштвото за градежништво и услуги „Соравиа менаџмент“ ДООЕЛ од страна на компанијата „Тор индустрис“ ДООЕЛ Скопје и албанската „Пе-вла-ку ШПК“. Тие ќе ја преземаат контролата над бизнис-центарот Соравиа во строгиот центар на Скопје.

Основна дејност на „Тор индустрис“ и на „Пе-вла-ку“ е развој на градежни проекти.Пе-вла-ку е една од најголемите градежни компании во Албанија и Косово, основана во 2005 година.

Комисијата утврди дека предметната концентрација може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата, но сепак конечната одлука по ова прашање е резервирана.

„Комисијата ги повикува заинтересираните трети страни да достават забелешки и мислења за оваа концентрација до Комисијата. Забелешките и мислењата на заинтересираните трети страни можат да се испратат на адреса: ул. ‘Св. Кирил и Методиј’ бр. 54, Скопје или по е-пошта: [email protected] и тие треба да пристигнат до Комисијата во рок од 10 дена од денот на објавување на ова известување“, пишува во известувањето на КЗК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ