петок, 18 октомври 2024

Бизарната причина поради која Расел остана без победа на Спа

Џорџ Расел остана без победа на ГН на Белгија откако беше дисквалификуван бидејќи неговиот болид беше за 1,5 килограми полсен од пропишната тежина.

Објавено на

часот

Сподели

Џорџ Расел се радуваше на победа во Спа откако се реши за стратегија со едно застанување во боксот, но два ипол часа по трката, славјето се претвори во големо разочарување.

Возачот на Мерцедес беше дисквалификуван бидејќи неговиот болид беше за 1,5 килограми полесен од пропишната тежина.

Причината за ова е бизарна, како што пренесуваат добро упатените во случувањата во Формула 1, одлуката за стратегија со едно застанување во бокс придонела гумите на болидот на Џорџ Расел да бидат прилично деградирани, а со тоа и да тежат помалку.

Исто така, поради должината на Спа, не се вози победнички круг, кој на останатите трки во календарот е нормална појава, и возачите го користат за да „залепат“ што е можно повеќе остатоци од гуми за на мерењата да го задоволат пропишаниот минимум.

Од таборот на Мерцедес потврдија дека била нивна грешка што не процениле добро, додека пак Џорџ Расел истакна дека му е скршено срцето.

„Болидот тежеше 1,5 килограми под пропишаната тежина и сум дисквалификуван. Оставив се на патеката и горд сум што прв минав низ целта. Ќе има уште многу успеси до крајот на сезоната“ – напиша Џорџ Расел на социјалните мрежи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ