вторник, 26 ноември 2024

Бислимовски: Нефер пазарното однесување во енергетиката ќе „удри“ по приходот на компаниите

 

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад,  Марко Бислимоски, денеска на панелот „Обновливи извори: Стратешки преглед на имплементацијата на обновливи извори на енергија” откри дека со новиот закон за енергетика, на регулаторот му се доделуваат сериозни ингеренции во процесот на пазарното поврзување со соседните земји со цел зголемена конкурентност, пониски цени, поголеми инвестиции.

Објавено на

часот

Сподели

Панелот на кој говореше Бислимовски е дел од конференцијата организирана од Македонското здружение за обновливи извори на енергија (МАРЕС).

„ Ние сме инволвирани во пазарното поврзување помеѓу Грција, Македонија, Албанија и Косово, преку проект на УСАИД. Главната цел е да станеме интегриран дел од паневропскиот пазар. Со новиот Закон за енергетика се оди кон либерализација на пазарите што поттикнува инвестиции. Со овој процес за пазарна интеграција нашите компании ќе имаат можност да учествуваат на пазарите во соседните земји“, посочи Бислимоски.

РKE и со Законот за енергетика кој е во сила и во кој е имплементиран третиот енергетски пакет како новина воведе надзор на пазарите на електрична енергија и природен гас.

„ Ние имаме развиено мониторинг-платформа во која се агрегираат податоците од сите учесници на пазарот и доколку утврдиме непазарно однесување може да започнеме соодветни постапки пред судовите. Нефер пазарно однесување ќе се казнува со дел од приходот“, објасни Бислимоски

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ